ZLATNA BUBA MARA 2019 DEL 2
Radio Bubamara Radio Bubamara
11.8K subscribers
142,607 views
475

 Published On Feb 24, 2019

Дами и господа, маестрото на доброто расположение и ветеранот на стенд-ап настапите Сашко Коцев, синот на светото вечерашно водителско тројство, ја зазема сцената на Златната бубамара и – не заминува од неа до крајот на манифестацијата. Во френетична атмосфера, со многу смеа, Сашко си поигрува со некои од најактуелните теми на нашето секојдневие, а скопска тема број еден е – аерозагадувањето.

Насред својот настап, тој ги повикува фоторепортерите присутни во салата да се качат на сцената за да ја направат најотровната фотографија од скопскиот „бал под маски“.

Шест и пол илјади посетители во ВИП-арената ставаат маски на лицата, Сашко Коцев повикува: „Насмејте се“, а фоторепортерите од сцената ја сликаат фотографијата што ќе го обиколи светот. Работниот наслов и е: „Колку чист воздух можеме да издржиме“?

Во ваква високоадреналинска атмосфера, Сашко Коцев потоа ја доделува наградата за музичко откритие на годината на групата „Дупер“, за која критичарите оценија дека претставува „свеж воздух“ на домашната музичка сцена. Следуваат наградите во уште две категории.

Златна бубамара за најпопуларна детска ТВ серија добива екипата на продукцијата „5 плус фамилија“ за веселиот и едукативен серијал.

Балетска претстава на 2018-та е „Ана Карењина“, продукција на МОБ, во инвентивната и длабоко промислена кореографија на гостинот од Хрватска Лео Мујиќ.

Откако групата – откритие на годината го испеја хитот „Не сум твој тип“, Сашко Коцев, кој е сечиј тип, го повикува Звонимир Џукиќ – Џуле, гитарист на српскиот рок-бенд „Ван Гог“, да ја додели наградата за интернационален успех на годината, која оди во рацете на Џијан Емин, диригент и продуцент, кој ја добива за низата инвентивни соработки со домашни и странски музичари, од американскиот ди-џеј Хуан Аткинс до оркестарцијата на музиката на групата „Љубојна“.

Младата актерка Нина Деан му доделува Златна бубамара на маестрото на годината – пијанистот Дино Имери, еден од најреномираните македонски пијанисти во новата генерација класични музичари, кој во минатата 2018 одбележа деценија успешна уметничка кариера. Дино на сцената изведува сегмент од богатиот класичен пијанистички репертоар. Така, Бубамара лета во нова, досега непозната зона.

show more

Share/Embed