Multimedialna izlozba -"State of" Negotino 2023
Goran Dimov Goran Dimov
3.03K subscribers
116 views
7

 Published On Premiered Jul 5, 2023

Multimedialna izlozba -"State of" Negotino 2023
На 4ти јули 2023 година Неготино се одржа мултимедијалната изложба „State of” на која со свои дела се претставија повеќе уметници по потекло од Неготино.
Локацијата на настанот беше на градскиот плоштад, пред платото на Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ Неготино каде што голем број на граѓани со своето присуство покажаа дека се желни за уметност, креативност и културни дружби.

Беа изложени ликовни дела, скулптури, дигитални фотографии и модни креации изработени од рацете на Сашко Јанев– Франко, Елена Дуковска, Мето Ангелов, Ѓурѓица Андонова, Елизабета Камчева, Цветанка Јованова, Невенка Величковска, Славица Капитанова…
Дел од овие истакнати уметници се уште живеат во родното Неготино, додека пак дел од нив живеат и работат во Скопје.

-Потопете се во светот на уметноста, додека прикажуваме хипнотизирачки спој на креативност и иновативност.

Не ја пропуштајте оваа единствена можност да се потопите во доменот на креативноста и да бидете сведоци на чистата брилијантност на уметниците. Обележете ги вашите календари за 4-ти јули и придружете ни се на градскиот плоштад во Неготино за несекојдневно искуство кое ќе остави неизбришлива трага на вашата уметничка душа.

Ајде да се собереме да ја прославиме моќта на нашите локални креативци и да ја прифатиме убавината што уметноста ја носи во нашите животи-гласеше најавата за настанот објавена од Франко Студио, на уметникот Сашко Јанев – Франко.

Изложбата на отворено го привлече вниманието на неготинци, кои истакнуваат дека на градот му се потребни вакви случувања.

Вики Клинчарова

show more

Share/Embed